Членови и зачленување:


  Член на Здружението може да биде секој информатичар кој е државјанин на Република Македонија.
  Член на Здружението може да биде и друг стручњак кој доброволно ќе пристапи кон Здружението и кој ги исполнува условите и ги прифаќа обврските дефинирани со овој Статут.
  Во Здружението може да членуваат и странски државјани.
  Здружението може да прима почесни и придружни членови. За член на Здружението кој не е информатичар одлучува Собранието на Здружението.
  Зачленување во Здружението се врши со пристапница која при исклучување од Здружението или престанок на членување во Здружението задолжително се враќа.
  Право на глас имаат само редовните членови на Здружението.

  Членството во Здружението престанува:
     - по лична желба на членот на Здружението;
     - со исклучување од членството заради неисполнување на обврските кон Здружението или нанесување штета на неговата работа и углед. Одлука за престанување на членувањето донесува Извршниот одбор.
  Исклучениот член има право на жалба до Собранието, кое донесува конечна одлука.

  Права и должности на членовите на Здружението се:

     - да избира и да биде биран во органите на Здружението;
     - да предлага решенија за одредени проблеми;
     - да работи на спроведување на стручните активности, програмските цели и задачи и усвоените одлуки и заклучоци од органите на Здружението;
     - да ги спроведува одредбите од овој Статут;
     - да ги застапува интересите и ставовите за Здружението;
     - да бара стручна и друга помош од областа на информатиката;
     - да покренува прашања од поширок интерес за Здружението;
     - редовно да присуствува на состаноците на Здружението;
     - редовно да ја плаќа чланарината;
     - да го чува угледот на Здружението.
  За својата работа членовите на Здружението одговараат пред Собранието и пред оргните и телата во кои се избрани.

 

  

ЗИМ2001©Сите права задржани. Ажурирано на 25.09.2002