|
ОРГАНИ
НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Со
Здружението управува членството организирано во органите на Здружението.
Органи
на Здружението се:
|
1.
Собрание
|
 |
Собранието
е највисок орган на Здружението.
Собранието
на Здружението го сочинуваат сите редовни членови.
Собранието
се свикува најмалку еднаш годишно и по потреба.
|
2.
Извршен одбор
|
 |
Извршниот
одбор е извршен орган на Собранието и се состои од седум члена со
мандат од две години. Претседателот на Собранието е истовремено
и претседател на Извршниот одбор.
|
3.
Надзорен одбор
|
 |
Надзорниот
одбор е орган на Собранието и се состои од три члена со мандат од
две години. Надзорниот одбор врши контрола за наменското користење
и располагање со средствата и приходите на Здружението.
КОМИСИИ
НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Постојани
комисии за Здружението се:
-комисија за натпревари,
-комисија за наука и настава,
-комисија за информатички школи и кампови,
-комисија за стандарди, критериуми и препораки.
Постојаните
комисии ги формира Извршниот одбор.
Секоја
комисија се состои од претседател на комисијата и два члена. Комисијата
ја свикува и со неа раководи претседателот на комисијата. За својата
работа комисијата поднесува извештај до Извршниот одбор.
|