| 1. Електронски натпревари
|
|
 |
Прв електронски натпревар 04.04 до
14.04
Објавени се резултатите од првиот електронски натпревар на системот за натпревари. Првата задача носи 6, а втората 10 поени.
Забележано е непочитување на правилата за решавање на задачите како на пример - програмата печати на екран, програмата чека на влез од тастатура, лошо се именувани датотеките, користена е друга околина за пишување на програмата, па кодот не е потполно соодветен за предложениот компајлер. За утеха, овој натпревар носи само симболичен број на поени, кој многу малку може да се одрази на вашиот вкупен пласман.
На идните натпревари обидете се да ги избегнете овие грешки. Како што можете да забележите, тоа се одразува на вашите резултати.
Внимавајте на крајниот рок на вториот електронски натпревар. Задолжително учествувајте на регионалниот натпревар, кој претставува избор на учесници за Државниот натпревар.
Со желби за успех во овогодинешниот циклус на натпревари (што повлекува учество на интернационалните натпревари (о.г. Египет), бесплатно студирање и други награди),
Миле Јованов -
Комисија за натпревари 2008 |
|
Втор електронски натпревар 11.04 -
18.04
Тест примери за задачите на електронските натпревари
|
| 2. Регионален натпревар - 20.04.2008
|
|
 |
XVI Регионален натпревар
20.04.2008
Начин на спроведување на регионалниот натпревар
Последни упатства за натпреварот:
- Натпреварот ќе се одвива електронски како и претходните два електронски натпревари
- За учесниците во полесна група натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13 часот.
За учесниците во потешка група натпреварот започнува во 10:00 и трае до 13:30 часот.
- Пред да почнете со работа, прочитајте ги уште еднаш документите поставени на погорните линкови: Правила за учество во натпреварите, Често поставувани прашања и Начин на спроведување на регионалниот натпревар.
- Сите учесници кои ќе имаат направено грешка во однос на правилата наведени во тие документи, нема да може да приговараат за реевалуација на задачите и слично.
- За време на првите 120 минути од натпреварот (до 12:00) можете да поставувате прашања преку прозорецот за прашања.
- Резултатите од натпреварот треба да го отсликуваат Вашето знаење. Затоа решенијата кои ќе ги предадете нека бидат ваши. На државниот натпревар ќе се пласираат само учениците за кои ќе бидеме сигурни дека доставиле нивно решение на задачата.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Миле Јованов -
Комисија за натпревари 2008 |
|
| 3. Државен натпревар 10 - 11.05.2008 |
|
 |
| 4. Македонска Олимпијада по Информатикa 17.05.2008 |
|
 |
XII Македонска олимпијада, Институт за информатика, ПМФ Скопје, 17.05
Листа на поканети учесници
Програма за одржување на натпреварот
|
После државниот натпревар, а пред македонската олимпијада
Пред крај сме на уште еден циклус на натпревари по информатика.
Државниот натпревар претставуваше натпревар за одмерување на силите на најдобрите информатичари - програмери во Македонија од средните училишта.
На сите учесници кои постигнаа добри резултати на државниот натпревар по информатика им честитаме на успехот.
Олимпијадата по информатика претставува врвен натпревар на кој се избираат екипите за претставување на Република Македонија на меѓународните натпревари. Задачите се значително потешки и треба да го отсликаат вашето севкупно подготвување. За добар резултат е потребно големо познавање на специфични алгоритми од различни области, лесно и брзо откривање на проблемот и соодветниот алгоритам за него, согледување на можните гранични случаи и евентуални прилагодувања и подобрувања на основниот алгоритам и нормално - брзо кодирање.
Заради големиот број на поени кои ги носи овој натпревар, сите поканети учесници имаат теоретска шанса да се пласираат на првите неколку места во финалната табела. Се зависи од покажаното знаење.
Ви посакуваме успех на натпреварот!
Миле Јованов -
Комисија за натпревари 2008 |
|
| 5. Меѓународни натпревари по Информатика
|
|
 |
XX Интернационална олимпијада по информатика, 16-23.08, Каиро, Египет
XVI Балканска олимпијада по информатика, 02-08.10, Охрид, Македонија
|
На крајот од циклусот натпревари
На крај сме на уште еден циклус натпревари. Во овој циклус од почетокот беа вклучени околу 80 натпреварувачи. Во текот на натпреварите дел од нив освоија дипломи и признанија за постигнатите резултати на натпреварите. На сите натпреварувачи им посакуваме да продолжат со продлабочување на своите знаења во областа на информатиката, а особено програмирањето.
Посакуваме сите ученици во прва, втора и трета година повторно да ги видиме во наредниот циклус натпревари, а на сите ученици од четврта година им посакуваме успешен упис на факултет.
Учениците кои ќе се запишат на Институтот за информатика ќе имаат можност да продолжат со учество на натпревари од областа на програмирањето, како на преимер, на престижниот ACM натпревар.
На крај, според постигнатите резултати, комисијата направи избор на екипи за учество на Интернационалната олимпијада по информатика и на Балканската олимпијада по информатика. Избраните ученици ја прифаќаат обврската да учествуваат на организирани подготовки за натпреварите во период 20 јуни - 15август. Тие треба да испратат е-порака на mileATii.edu.mk со која ќе го потврдат учеството во екипите најдоцна до 31.05.08.
| Екипа за учество на Интернационална олимпијада |
| Ристески |
Андреј |
СОУ "Мирче Ацев" |
| Павлов |
Васја |
ПСУ "Јахја Кемал" |
| Талимџиоски |
Филип |
СОУ "Мирче Ацев" |
| Анчев |
Ненад |
СОУ "Славчо Стојменски" |
| Екипа за учество на Балканијада |
| Ристески |
Андреј |
СОУ "Мирче Ацев" |
| Павлов |
Васја |
ПСУ "Јахја Кемал" |
| Талимџиоски |
Филип |
СОУ "Мирче Ацев" |
| Мартиновиќ |
Дарко |
УСО "Гоце Делчев" |
| Втора екипа за учество на Балканијада |
| Анчев |
Ненад |
СОУ "Славчо Стојменски" |
| Цветков |
Мартин |
СОУ "Митко Пенџуклиски" |
| Божиновски |
Дејан |
СУГС "Раде Јовчевски Корчагин" |
| Јанчески |
Ѓорѓи |
СУГС "Раде Јовчевски Корчагин" |
Миле Јованов -
Комисија за натпревари 2008
|
|
|
|