swMenuFree

Правила за Македонска олимпијада по информатика

  • Право на учество на Македонската Олимпијада по Информатика имаат најдобрите натпреварувачи од секоја натпреварувачка група.
  • Пред објавувањето на листата на поканети учесници на МОИ, комисијата за натпревари изработува ранг листа на натпреварувачите за секоја група посебно. Притоа, бодувањето на регионалниот и државниот натпревар ќе се врши на начин што 20% од поените се од регионалниот натпревар, додека 80% од поените се од државниот натпревар.
    Натпревар Поени
    регионален натпревар 20%
    државен натпревар 80%
  • При одлучувањето кои натпреварувачи од одредена група ќе бидат поканети на МОИ, комисијата ќе се води од ранг листата дефинирана во претходната точка.
  • При одлучувањето колку натпреварувачи од секоја група ќе бидат поканети на МОИ, комисијата ќе се води од следните правила:
    • најмалку 3 натпреварувачи од основна група треба да бидат поканети на МОИ
    • најмалку 50% од поканетите учесници на МОИ треба да бидат од напредна група
  • На МОИ покрај оние кои се квалификувале преку добар резултат на претходните натпревари, право на учество имаат и сите оние кои официјално ја претставувале Македонија на Балканска или Светска Олимпијада по информатика, како и сите натпреварувачи кои освоиле златен или сребрен медал на минатата МОИ.
  • По завршување на натпреварувањето, на пригодна свеченост според агендата на натпреварот, комисијата објавува кој натпреварувач каква медал и признание има освоено. Отсуството од свеченоста за доделување на печатените дипломи и признанија, Комисијата може да го протолкува како откажување од медалот/признанието.
© 2009-2019 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.