swMenuFree

Новости

IV Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2020)

Од 02.09.2020 до 06.09.2020, во облик на онлајн натпревар, се одржа четвртата по ред Европска Јуниорска Олимпијада по Информатика (ЕЈОИ 2020).

Македонија на ЕЈОИ 2020 ја претставуваше тимот составен од натпреварувачите Сара Стефановска, Атина Рувинова, Јан Стојановски, Иван Јованоски и Ева Димитриевска (неофицијален натпреварувач), како и лидерите Миле Јованов и Емил Станков.

Повеќе информации за натпреварот може да прочитате овде.

МОИ / МЈОИ 2020

XXIV Македонска Олимпијада по Информатика и I Македонска Јуниорска Олимпијада по Информатика се одржаа на 18.08.2020 (вторник) и 19.08.2020 (среда), во просториите на Sorsix.

Повеќе информации за двата натпревари можете да најдете овде.

Информација во врска со Државниот натпревар 2020

Заради актуелната ситуација предизвикана од мерките за справување со Covid-19 натпреварот беше одложен. И покрај барањето од ЗИМ до МОН, Владата и Комисијата за заразни болести доставено во мај за одобрување на протокол за спроведување на државниот натпревар, до почетокот на август не добивме одговор на барањето.
Затоа, ЗИМ донесе одлука да ги земе предвид резултатите од регионалниот натпревар (кој беше единствениот регуларно спроведен натпревар) како основа за утврдување на постигнувањата на учениците пласирани на државниот натпревар. Сите ученици, со одлуката имаат освоено соодветни награди како и на регионалниот натпревар усогласени со правилникот за организација на државни натпревари на МОН.

© 2009-2021 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.