Електронски натпревари 2012
- Оваа година електронските натпревари ќе се спореведуваат како подготoвка за натпревари
- Подготовките за натпреварите се спроведуваат преку системот МЕНДО - http://mendo.mk/. Секој натпреварувач е должен да решава задачи од тренинг делот. (Совет: Во делот „почетници“ се поставени наједноставните задачи).
- Секоја решена задача од делот за тренинг носи по 1 поен (без разлика на времето кога таа била решена, после колку обиди, итн). Натпреварувачите можат да освојат најмногу 30 поени од овој дел од циклусот натпревари. Се бодуваат само задачите кои се решени до пред почетокот на регионалниот натпревар. Почетокот на периодот за решавање е неограничен.
- Резултати од подготовките се објавуваат заедно со резултатите од регионалниот натпревар по информатика.
- Доколку има забелешки на резултатите, натпреварувачите можат да поднесат приговор преку нивните ментори во рок од 24 часа од објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде сметаат дека има проблем. Приговорите се поднесуваат по електронска пошта, на адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Тест електронски натпревар
На 24.03.2012 со почеток во 16:00 ќе се одржи тест - натпреварот за учесниците на циклусот натпревари 2012. Се препорачува учество на сите потенцијални натпреварувачи.
Доколку се случи прекин на интернет врската до mendo.mk во текот на натпреварот, информации како продолжува натпреварот ќе може да добиете на facebook страната на ЗИМ.

