swMenuFree

Државен натпревар

XXIII Државен натпревар по информатика 27 - 29.04.2012

  • Право на учество на државниот натпревар имаат најдобрите натпреварувачи од подготовките и регионалниот натпревар, за секоја група посебно. Притоа, бодувањето на подготовките и регионалниот натпревар се врши на начин што 30% од поените се од подготовките, додека 70% од поените се од регионалниот натпревар.
    Категорија Поени
    подготовки 30%
    регионален натпревар 70%
  • И државниот натпревар се спроведува во три натпреварувачки групи: почетничка, основна и напредна.
  • Прелиминарните резултати од државниот натпревар се објавуваат по завршување на натпреварот - според агендата на натпреварот. Комисијата е должна да обезбеди просторија и период во кој натпреварувачите ќе можат да поднесат приговор на резултатите. Ненавремено поднесување на приговор значи откажување од правото на каков било приговор.
  • По завршување на натпреварувањето, на пригодна свеченост според агендата на натпреварот, комисијата објавува кој натпреварувач каква награда и/или признание има освоено. Рангирањето на натпреварувачите се врши за секоја група (почетничка, основна, напредна) посебно. Отсуството од свеченоста за доделување на печатените дипломи и признанија, Комисијата може да го протолкува како откажување од дипломата/признанието.
© 2009-2011 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.