swMenuFree

Средно образование

Натпревари по информатика 2012

Здружението на информатичарите на Македонија, по дваесет и трети пат организира циклус на натпревари по информатика, во областа на програмирањето. Натпреварите се стремат да ги опфатат сите ученици од основното и средното образование кои имаат некакви познавања од програмирање. Програмирањето се изведува во еден од програмските јазици Pascal, C и C++.
Циклусот на натпревари ќе се состои од:

  • подготовки,

  • регионален натпревар,

  • државен натпревар,

  • државна олимпијада.

Официјалниот распоред на натпреварите и специфичните правила за бодување се објавени во документот "Дополнителни информации за циклусот 2012" на веб–сајтот на Здружението на информатичарите на Македонија (cs.org.mk).
Натпреварувачот при регистрација во системот за натпревари (mendo.mk) може да избере една од следните три групи:

  • Почетничка - учениците кои сеуште имаат мали познавања од програмирање и се основно училиште или прва или втора година средно училиште. Средношколците можат да се натпреваруваат во оваа група само доколку тоа им е прво учество во циклусот натпревари (се бројат и учествата дури биле во основно училиште).

  • Основна - учениците кои за прв или втор пат учествуваат на натпреварите (не се бројат учествата додека ученикот бил во основно училиште) и сметаат дека нивните познавања од програмирање се сеуште мали за да може да се натпреваруваат на меѓународните натпревари.

  • Напредна - ученици кои без разлика по кој пат учествуваат на натпреварите, сметаат дека се подготвени да решаваат сложени алгоритамски проблеми и ќе се натпреваруваат за влез во екипите кои ќе ја претставуваат Македонија на меѓународните натпревари.

Натпреварувачите треба да ја одберат групата во која ќе се натпреваруваат (почетничка, основна или напредна група) најдоцна 24 часа пред почетокот на Регионалниот натпревар по информатика. По овој рок, единствена можна промена на група е од почетничка во основна или од основна во напредна, преку барање до администраторот на системот.
Натпреварите и подготовките за натпреварите претставуваат можност голем број ученици да навлезат во тајните на програмирањето и на тој начин да создадат една одлична подлога за една перспективна професија, инженер по информатика, како во Македонија така и во светот.

© 2009-2011 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.