Основно образование
ЦЕЛ И ИЗГЛЕД НА НАТПРЕВАРОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Здружението на информатичарите на Македонија шеста година по ред организира натпревари по информатика за учениците од основното образование. Целта на досегашните циклуси на натпревари беше да се заинтересираат што поголем број на ученици за информатиката како наука. Започнувајќи од натпревари во апликативни вештини овие натпревари полека прераснаа во натпревари во програмирање и алгоритамски вештини, што всушност ја претставува сржта на информатиката.
Оваа година учениците од основното образование ќе се натпреваруваат во почетничка група од натпреварите кои што досега се организираа за учениците од средното образование. На тој начин на сите нив ќе им биде овозможено да влезат во тимовите за интернационалните натпревари. Македонските натпревари се организираат според правилата на интернационалните натпревари. Сите информации за овие натпревари ќе бидат објавувани во делот за натпреварите за средно образование.
За учениците од VI и VII одделение (V и VI одделение според стар наставен план) ќе биде направен обид да се организира натпревар со содржини кои се застапени исклучиво во Наставната програма за VI и VII одделение со квалификација за натпреварот преку изработена домашна задача во некоја од изучените апликации.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ
Дополнителни информации ќе бидат објавувани во овој дел по потреба.

