XVI Регионален натпревар по информатика

  

Почитувани натпреварувачи,

РЕГИОНАЛНИОТ натпревар и оваа година ќе се одвива електронски. Заради тоа, потребно е следното:

На 20 април 2008 година, Вие треба да си обезбедите „работно место“ во периодот од 9:45 часот до 15 часот. Значи, треба да имате компјутер на кој е инсталирана програмската алатка во која ќе работите и кој има пристап до интернет. Доколку е тоа потребно, организирајте се со вашиот ментор да ви овозможи учество на регионалниот натпревар од вашето училиште.

На почетокот ќе биде објавено соопштение околу точниот начин на одвивање на натпреварот, кога точно ќе започне и кога ќе заврши. Соопштението ќе биде објавено на линк, под линкот за ова соопштение.

Прелиминарно, натпреварот ќе се одвива во дел од периодот помеѓу 10 и 15 часот, во зависност од утврднетата должина на натпреварот која може да биде од 2,5 до 5 часа.

Во тој период ќе биде отворен системот за електронски натпревари. Вие треба да се најавите со вашиот идентификационен број (исто како за електронскиот натпревар), да ги преземете задачите и да ги пратите решенијата во изворен код (.pas, .c или .cpp), а НЕ извршните верзии (.exe)

 Се очекува резултатите да бидат објавени најдоцна 4 часа по завршувањето на натпреварот.

Доколку имате забелешки на резултатите, може вашите приговори преку вашите ментори да ги доставите во рок од 24 часа по објавувањето на резултатите, со ТОЧНО прецизирано образложение каде мислите дека има проблем на адреса mileATii.edu.mk.

Приговорите ќе бидат разгледани до 29. април 2008 и тогаш ќе бидат објавени конечните резултати од Регионалниот натпревар и списокот на натпреварувачи кои се пласираат за ДРЖАВНИОТ натпревар.

Во текот на натпреварот ќе може да поставувате прашања во врска со задачите, преку прозорец за комуникација. Линкот до овој прозорец ќе биде објавен во дополнителното соопштение.

 

Значајни ПРАВИЛА:

Натпреварот се одвива на 20. април во периодот 9:45 -15 часот.

Прашања во врска со задачите се примаат првите ДВА часа од натпреварот.

Задачите се решаваат САМОСТОЈНО, не во група, доколку има идентични решенија, се одбиваат сите такви решенија.

Сметајте дека натпреварот завршува барем 5 минути пред официјалниот крај за да сте сигурни дека ќе можете да ги поставите решенијата на вашите задачи.

Конечните резултати ќе бидат објавени не подоцна од 29. април.

При изборот на учесници на државниот натпревар ќе биде запазен и регионалниот принцип, со ограничување на бројот на учесници од дадено место и даден регион.

Ви пожелуваме успех!

 

Напомена: Во сите задачи влезот се задава исклучиво во текстуална датотека. Излезот се запишува во текстуална датотека во строго предвидениот формат зададен во текстот на задачите.

 

Скопје, 16.04.2008