|
|
Активности
|
 |
Граѓаните
се здружуваат во Здружението на информатичарите на Македонија заради
вршење на дејности и активности со цел за негување, популаризација
и унапредување на информатиката и нејзината примена, подобрување
на својот статус и статусот на информатиката во општеството, како
и за задоволување на потребите од стручни лица и стручна помош во
институциите и органите во државата.
|
Цели
и Задачи
|
 |
Граѓаните
се здружени во Здружението на информатичарите на Македонија заради
остварување на поширок заеднички интерес, а како посебни цели и
задачи се:
-
да ја поттикнува примената на информатиката во сите области во општеството;
-
да ги брани правата и интересите на своите членови и да се залага
за решавање на нивните проблеми;
-
да го унапредува стручното знаење на членовите преку стручни собири,
предавања и дискусии на одредена тема;
-
да врши едукативни дејности преку организирање семинари, курсеви,
симпозиуми и издавање стручни публикации;
-
да организира, спроведува и учествува на натпревари по информатика
за ученици и студенти;
-
да организира информатички школи и кампови;
-
да организира тематски конференции за унапредување на наставата
по информатика во училиштата, како наставни планови и програми,
учебници и друго;
-
да ја поттикнува примената на информатиката во наставата по другите
предмети во училиштата и факултетите;
-
да ја збогатува стручната литература по информатика со издавање
на стручно-научни и стручно-методски публикации;
-
да изготвува стандарди и критериуми и дава препораки за вреднување
на информатичкиот труд и знаење;
-
да покренува иницијативи и дава сугестии за решавање на конкретни
проблеми поврзани со информатиката и нејзината примена;
-
да соработува со општествените институции, стопанските прганизации
и други здруженија;
Здружението
ги извршува своите задачи и преку своите органи и тела, во согласност
со овој Статут, правилниците, одлуките и други акти
|